Отпад Дине е фирма која се занимава со откуп, продажба и селектирање на секундарни суровини, примарно обоени и необоени метали и тврда пластика. Нашата таканаречена аптека-отпад филозофија е карактеристика по која цениме дека се разликуваме од другите, а суштината на истата е во сортирањето и класифицирањето на сите врсти употреблив отпад и негова повторна продажба по значително помали цени. Во таа насока нудиме разни евтини делови за товарни и патнички возила, цевки, профили, винили, флахови, лимови, ќумци и многу други производи чија класификација и подредување ја вршиме со цел на заштеда на време на купувачите. За поблиску да се запознаете со производите што ги нудиме погледнете ги сликите во галеријата кои се поделени по секции на интерес. За повеќе информации погледнете во контакт.

Ви благодариме на посетата на нашата веб страна.