Отпад Дине е пред се фамилијарна фирма основана и развивана во целост од нејзиниот управител Гуџов Дине. Идејата за фамилијарна фирма датира од 2005 година, но официјално фирмата стартува со работа во 2007 година вработувајќи персонал до дванаесет лица. Како таква фирмата започнува успешна долгогодишна соработка со повеќе фирми од кои би ги издвоиле Новометал, Мак Метал трејд, Центар за рециклажа (Scholz), Леов Компани, Динамо хит, Пескара Вел и други. Со залагање за постојана иновација и унапредување во работењето со отпад, фирмата низ годините инвестираше во набавка на современа механизација и обука на вработените за правилно управување со отпад, а пред се негово селектирање.